Кик боксинг клубот „АС" од Делчево со пет натпреварувачи ќе учествува на Државното првенство во кик-боксинг кое денеска ќе се одржи во Арената ,,Борис Трајковски" во Скопје.

Боите на Кик Боксинг клубот „АС" покрај стандардните репрезентативци, како што истакна тренерот Љупчо Петровски, ќе ги бранат и дебитанти кои прв пат ќе настапат на големо натпреварување.

- Со учеството на Државното првенство практично ја започнуваме натпреварувачката 2023 година. Во изминатиот период, нашите кик-боксери напорно тренираа и сметам дека се спремни за настап. Сите ќе настапат во дисциплината кик-лајт и тоа Дилан Ивановски во дициплината сениор, Павел Николовски, Арнес Хајдер и Павел Стојчевски во јуниорска категорија и Андреј Митков како постар кадет ќе учествува на турнирот, истакна тренерот Љупчо Стојчевски, кој заедно со Влатко Ситновски ќе ја дели правдата, а на екипата ќе и се придружи и тренерот Елена Станковиќ. За клубот од Делчево, како што додаде, минатата година беше повеќе од успешна, најмногу поради освоените златни медали освоени на турнири во Црна Гора, Србија и Бугарија. На претстојното Државно првенство најавено е учество на 28 клубови од Република Северна Македонија со околу 320 кик-боксери.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2023 10:07