Фармацевтската компанија „Алкалоид“ ќе даде поддршка со финансиски средства и останати логистички ресурси на македонските таеквондисти за нивни подготовки и успешни идни настапи на меѓународната сцена на која централен настан ќе бидат Олимписките игри 2024 во Париз.
Ова се предвидува со договорот за генерално спонзорство што денеска во Скопје го потпишаа првиот човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, и претседателот на Македонската таекводно федерација, Борче Костовски.
- За „трка“ без препреки за учество на ЛОИ 2024 во Париз, притоа, базирајќи се на досегашниот резултатски континуитет на македонското таеквондо, „Алкалоид“ како општествено-одговорна компанија со силно изразена стратешка определба за поддршка во сите сфери од општествениот, спортскиот, образовниот, здравствениот и културниот живот во Македонија, рамо до рамо со Федерацијата ќе даде поддршка во борбата за освојување нова олимписка гордост, соопштија на прес- конференцијата на која присуствуваше и најдобриот македонски таеквондист и носител на сребрениот медал од Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски.