Младата 16-годишна македонска скијачка Јана Атанасовска остана денеска без пласман во велеслаломската трка на својот дебитантски настап на Светското првенство, откако не успеа да ја мине целта во првото возење.
На женскиот велеслалом што се води во францускиот зимски центар Курешевел првопласирана по првата трка е американската скијачка Микаела Шифрин, пред Французинката Теса Ворли и Федерика Брињоне од Италија.
Македонската претставничка Атанасовска шанса да го подобри впечатокот ќе има в сабота кога на програмата е трката во нејзината посилна дисциплина, слаломот.