МЗТ Скопје Аеродром е првиот полуфиналист на јубилејното 30. издание на македонскиот кошаркарски Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“, откако попладнево во воведниот натпревар на завршниот турнир во СРЦ „Кале“ го совлада Кожув со 80-68 (49-33).

МЗТ до место во полуфиналето го предводеше тандемот Дамјан Стојановски и Дастин Вер со по 19 поени, додека Страхиња Мицовиќ постигна 16 поени.

Во тимот од Гевгелија најефикасен беше Мирон Гордон со 27 поени.

Во денешните преостанати три пресметки за место во полуфиналето се среќаваат Гостивар – Феникс 2010, Пелистер – Еуро Никел и бранителот на трофејот ТФТ Скопје против градскиот ривал Работнички.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2023 14:54