Американската скијачка Микаела Шифрин победи на денешната трка во велеслалом на патеката во Куршевел и го освои второто одличје на Светското првенство во алпско скијање.
Сребрениот медал и припадна на Италијанката Федерика Брињоне, која заостана 12 стотинки зад Шифрин, додека со бронзата се закити Рагнхилд Мовинкел од Норвешка, која по двете возења заостана вкупно 22 стотинки зад златната Американка.
За Шифрин ова е втор медал на Светското првенство во Куршевел и Мерибел, откако минатата недела се закити со среброто во супервелеслалом.
Младата 16-годишна македонска скијачка Јана Атанасовска остана денеска без пласман во велеслаломската трка на својот дебитантски настап на Светското првенство, откако не успеа да ја мине целта во првото возење.