Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо се повреди на натпреварот со Чикаго (112:100) одигран ноќеска на домашен терен. Сега е доведено во прашање неговото учество на НБА „Ол-стар“ натпреварот.
Според „ЕСПН“, 28-годишниот Грк предвреме го напуштил теренот поради повреда на десната рака на почетокот на втората четвртина. Тој се повреди при обидот да го блокира шутот на Коби Вајт.
На оваа средба, Јанис одигра само девет минути при што забележа два поена, седум скока и три асистенции.
Натпреварот на сите ѕвезди од НБА-лигата ќе се одржи викеднов (18 и19 февруари) во Солт Лејк Сити.