Светскиот и европски шампион во француската фудбалска репрезентација Зинедин Зидан стана амбасадор на Формула 1 тимот Алпин, објави „Л’Екип’.

Легендата на францускиот фудбал зборуваше на презентацијата на Алпин во Лондон, каде го претставија болидот за сезоната 2023 година.

Двајца француски пилоти, Естебан Окон и Пјер Гасли, ќе возат за Алпин во претстојната сезона.

Претходно Гасли призна дека го избрал бројот 10 за настапи во Ф-1 поради Зидан, кој му бил идол од детството.

Зидан го водеше предводеше Реал од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година како главен тренер. Во овој период Французинот освои две првенствени титули и три Лига на шампиони.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2023 10:32