Новиот кошаркар на Феникс санс, Кевин Дурант го сподели своето мислење за настапите за Бруклин и неговите впечатоци за играњето заедно со Кајри Ирвинг и Џејмс Харден.

- Едноставно не игравме доволно заедно. Ми се чини дека јас Џејмс и Кајри игравме неверојатна кошарка само 16 натпревари заедно, но за да го освоиме првенството и да станете сериозна екипа, треба повеќе време на паркетот. Харден и Ирвинг се играчи на ниво за Куќата на славните од кои учев многу секој ден. Им посакувам се најдобро. Едноставно нешто не функционираше. Имаше многу подеми и падови, но ми се допадна начинот на кој работевме. Тие секогаш ќе бидат дел од мојата кариера, моето патување. Точно, не го постигнавме она што го сакавме - освојување на шампионатот, но јас уживав во процесот. Ова важи за сите во тимот, секој ден дававме максимум, без разлика што се пишуваше во медиумите или што се случуваше со нашите соиграчи, истакна Дурант.

Многу сум возбуден што можам да зборувам за Нетс бидејќи тоа беа многу посебни четири години во мојата кариера, сето тоа се случи по мојата повреда на Ахил. Ми помогнаа многу, па не можам да кажам ништо лошо за нив, потенцира голамата НБА-ѕвезда.

Пред Бруклин, Дурант има играно уште за Оклахома и Сиетл.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2023 11:32