Екипите на Баскет Кам и на МЗТ Скопје ќе играат во финалето на купот „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Оца е епилогот по двете денешни полуфиналиња одиграни во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Во првото полуфинале кошаркарките од Македонска Каменица ја совлаа екипата на Бадел со 70:61.

Второто полуфинале заврши со победа на МЗТ Скопје против Вардар со 73:57

Натпреварот кој ќе го даде победникот на купот ќе се игра утре со почеток во 16:30 часот како предигра на машкото финале закажано за 19:30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2023 00:24