Возачот на Алпин, Пјер Гасли, зборуваше за очекувањата во сзоната 2023 во Формула 1.

- Како што се приближува почетокот на сезоната, мојата возбуда расте. За мене е чест да бидам возач на Алпин и сакам што поскоро да се вклопам во тимот. Веќе поминав многу време во базата и подготвен сум да започнам ново поглавје во кариерата. Благодарен сум на Ред Бул за нивната поддршка и помош што успеав да станам тоа што станав. Сепак, сега сум подготвен да ја започнам следната фаза - иднината е целосно во мои раце. Сега сум фокусиран на блиска интеракција со тимот и сакам постојано да покажувам високи резултати за да му помогнам на Алпин да ги постигне своите цели, изјави Гасли за „Autosport“.

Сезоната 2023 започнува со етапа во Бахреин, која ќе се одржи од 3 до 5 март. Од 23 до 25 февруари таму ќе се одржат и претсезонски тестови.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2023 00:39