Инсајдерот на „ЕСПН“ Адријан Војнаровски, сподели информации за плановите на ѕвездата на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо да учествува на НБА Ол-стар натпреварот.

Адетокунбо доживеа истегнување на зглобот на десната рака на натпреварот против Чикаго пред два дена.

- Ова е прилично болна повреда, Јанис сега не е многу задоволен. Сепак, тој сака да игра на Ол-стар натпреварот во недела. Тоа е важно за него, особено како капитен. Има одговорен пристап кон се, тоа е навистина важно за него, рече Војнаровски.

Натпреварот на „Сите ѕвезди“ од најсилната кошаркарска лига на светот е закажан за ноќта недела кон понеделник со почеток во 01:30 часот по македонско време.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2023 09:53