Големата НБА-ѕвезда, Кевин Дурант изјави дека е подготвен да игра во својот нов клуб до крајот на кариерата. Феникс санс минатата недела го доби Дурант во размената со Бруклин нетс.
- Ми се допаѓа новата средина и сè и гледам тука до крајот на мојата кариера. Но, кој знае што ќе се случи во иднина? Истото го кажав и за Бруклин, изјави Дурант за „Boardroom“.
Триесет и четиригодишниот Дурент оваа сезона играше на 39 натпревари од регуларната сезона во НБА, со просек од 29,7 поени, 6,7 скока и 5,3 асистенции по натпревар.
Во текот на својата кариера, Дурант има играно и за Оклахома и Сиетл.