Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ига Швјонтек финалето на турнирот во Доха ја победи Американката Џесика Пегула со 6:3 и 6:0.

За 21-годишната полска тенисерка ова е прва титула во сезоната. Вкупно Швјонтек го освои 12-от турнир во кариерата.

Досега Швјонтек во финалињата им пропушти само еден сет на ривалките, на Дона Векиќ во Сан Диего.

На патот до втората последователна титула во Доха, таа им допушти само пет гема на противничките: три денеска, еден во полуфиналето против Вероника Кудерметова и уште еден во второто коло против Даниел Колинс. Нејзината ривалка во четвртфиналето Белинда Бенчиќ го предаде мечот без борба.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2023 02:44