Во рамките на НБА Ол-стар викендот што се одржува викендов во Солт Лејк Сити, во натпреварот во 3 поени победник е Демијан Лилард од Портланд.
Во првата рунда Лилард постигна 26 поени, во финалето го повтори овој резултат и го надмина играчот на Индијана, Тајрис Халибартон (17 поени).
Лилард за прв пат во кариерата се истакнува во конкуренција на „снајперисти“.
Во натпреварувањето учествуваа и: Џејсон Тејтум (Бостон), Кевин Хертер (Сакраменто), Тајлер Хиро (Мајами), Бади Хелд (Индијана), Џулиус Рендл (Њујорк) и Лаури Марканен (Јута).