Мек Меккланг од Филаделфија, кој ја започна сезоната во „Г-лигата“, ноќеска победи на натпревар во забивање во рамките на НБА Ол-стар викендот во Солт Лејк Сити.

Во воведното коло Меккланг освои максимални 50 поени за првото забивање, за второто само судијката Лиза Лесли му даде 49 поени, останатите четворица судии - по 50.

Во финалето Мек освои (50+50 поени) и го победи Треј Марфи од Њу Орлеанс (98 поени).

На натпреварот учествуваа и Џерико Симс (Њујорк) и Кенион Мартин Џуниор (Хјустон).



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2023 09:58