Светското првенство во биатлон 2023 во Оберхоф, Германија заврши со масовен старт кај жените. Победничка на трката на 12,5 километри беше претставничката на Шведска, Хана Еберг.

Второто место и сребрениот медал е за Норвежанката Ингрид Тандерволд.

Третото место го зазеде претставничката на Франција Жули Симон.

Претходно во текот на денот, на трката на 15 км масовен старт во машка конкуренција победи Себастијан Самуелсон исто така од Шведска.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2023 01:42