Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски е оптимист пред претстојните две гостувања во претквалификациите за Еворбаскет 2025.
- Имаме четири бода, но еден кикс може да нè врати долу на табелата. Можеме да очекуваме тешки натпревари, бидејќи секоја селекција има свои математики. Словачка и Норвешка имаат две победи и не се предаваат, сигурно ќе играат на победа. Освен Данска, нема откажани репрезентации, сите имаат свои математики. Имаме два-три дена да се подготвиме и да видиме како ќе настапиме. Ќе видиме дали ќе промениме нешто во тактиката, бидејќи веќе одигравме два натпревари со истите репрезентации. Целиме на една победа, секако дека ќе играме на две победи, но имаме позитивна енергија и греота е да не го искористиме овој позитивен скор од четири победи на стартот, појаснува Јончевски.
„Црвено-жолтите“ в четврток гостуваат кај Словачка, три дена подоцна одат во Осло на дуел со Норвешка.