Американската професионална кошаркарска НБА екипа Атланта му врачи отказ на тренерот Нејт Мекмилан (58) и на негово место како привремено решение го назначи 54-годишниот Џо Пранти.

Мекмилан беше главен тренер на Атланта од 1. март 2021 година и во таа сезона го однесе тимот до финалето во разигрувањето во Источната конференција, а сезонава екипата со биланс од 29 победи и еден пораз повеќе се наоѓа на осмото место на Истокот.

За Пранти ова е втор пат во кариерата да доаѓа како замена на местото главен тренер, откако во текот на 2018 година го предводеше тимот на Милвоки со ефект од 21 победа и 16 порази.

Американските медиуми како главен кандидат за перманентно решение на тренерското место во Атланта го посочуваат Квин Снајдер, кој од 2014 до 2022 година со успех го водеше тимот на Јута.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2023 09:52