Раководните луѓе на Формула 1 тимот Мекларен размислува да се префрли на моторите на Ред Бул.

Во моментов, Ред Бул соработува со Хонда, развивајќи сопствена дивизија за мотори. Од 2026 година Ред Бул ќе добие статус на снабдувач на мотори, развивајќи машини заедно со Форд.

Според „Индипендент“, извршниот директор на Мекларен, Зак Браун, во февруари ја посетил базата на Ред Бул во Милтон Кејнс. Подоцна, информацијата за посетата на Браун беше потврдена за публикацијата од портпаролот на Ред Бул.

Актуелниот договор меѓу Мерцедес и Мекларен за набавка на мотори е со важност до крајот на 2025 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2023 15:16