Новиот кошаркар на Клиперс, Расел Вестбрук ги сподели своите очекувања за настапите во тимот од Лос Анџелес.

- Среќен сум и охрабрен. Мило ми е што ќе играм повторно. Јас сакам да играм кошарка. Но, не само да играте, туку да се забавувате правејќи го тоа. Едвај чекам да заиграм за Клиперс, рече Вестбрук.

Тој ја започна НБА-сезоната во Лос Анџелес лејкерс. Во досегашниот дел одигра 52 натпревари, со просек од 15,9 поени, 6,2 скока, 7,5 асистенции и 1,0 украдена топка.

Вестбрук долго време беше предмет на гласини за можна трговија. Пред истекот на рокот, тој сам си го откупи договорот којшто го имаше со Јута, и се стекна со право сам да одлучува каде ќе продолжи д аигра.

Во 2017 година Вестбрук беше прогласен за МВП на лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2023 10:42