Пораз со 82:73 доживеа македонската кошаркарска репрезентација на вечерашното гостување во Левице против Словачка. Избраниците на селекторот Александар Јончевски не успеаја да ја продолжат победничката серија во Д-групата во претквалификациите за Евробаскет 2025 и го запишаа првиот пораз по четирите победи.
Најефикасен во македонскиот состав беше Шортс со 24 поени, Крстевски постигна 14.
Словаците до третата победа во групата ги предводеше Симон Крајович со 23 поени
Во вториот натпревар од 5. коло во оваа група, вечерва играат Данска и Норвешка.
На македонската репрезентација за сигурен пласман во квалификациите и е потребна победа над Норвешка во Осло (26 февруари) во последното коло. Во спротивно, ќе зависи од резултатот на другите репрезентации.