Македонската кошаркарска репрезентација се наоѓа во Осло и веќе го имаше првиот тренинг во „Нордстранд Арена“ каде утре ќе се соочи со Норвешка.
По поразот од Словачка на првото од двете планирани гостувања во третиот и последен ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот во 2025 година, „црвено-жолтите“ веруваат дек аможат да извлечат поволен резултат против Норвешка.
Овој меч е решавачки за конечниот изглед на табелата во групата „Д“.
Согласно со планираните активности, во „Нордстранд“ Арената ќе се тренира и денеска, два пати, а избраниците на селекторот Александар Јончевски ќе имаат едночасовно „загревање“ и на денот на одигрувањето на натпреварот, утре од 10 до 11 часот.
Натпреварот ќе се игра утре со почеток во 18 часот.