Шведската атлетска ѕвезда Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап, прескокнувајќи 6.22 метри на митингот во сала во Клермон-Ферман.
Дуплантис со тоа за еден сантиметар го подобри светскиот рекорд што го постави лани на Светското атлетско првенство во Јуџин.
Летвичката поставена на 6.22 метри Дуплантис ја прескокна во третиот обид, импресионирајќи ги присутните.4.000 гледачи на "Ол Стар" митингот во француски Клермон - Феран.
Дваесетитригодишниот Дуплантис го опиша чувството на поставувањето на новиот, шести, светски рекорд во кариерата како "вонтелесно искуство".