Кошаркарот на Олимпијакос, Александар Везенков е прогласен за МВП (најкорисен играч) за февруари во Евролигата.

Везенков во февруари беше најефикасен играч во елитната лига со просечни 23,5 поени по натпревар, при тоа оствари просек во скокови 7,4.

Олимпијакос месецот го завршува без пораз со четири победи. Серијата од шест победи по ред му овозможи на грчкиот тим да се зацврсти на првото место на табелата во Евролигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2023 12:54