Американската професионална кошаркарска НБА екипа Атланта за нов главен тренер го назначи Квин Снајдер (56), со кого потпиша договор до лето 2027 година.

Снајдер, кој од 2014 до 2022 година со успех ја предводеше Јута, беше главен кандидат да седне на клупата на Атланта на местото на Нејт Мекмилан, кому минатата недела му беше врачен отказ.

За Снајдер ова е враќање во тимот во кој во текот на сезоната 2013/14 му беше асистент на главниот тренер Мајк Бјуденхолцер.

Американските медиуми објавија дека Снајдер во Атланта би требало да заработува осум милиони долари по сезона



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2023 02:32