НБА лигашот Феникс официјално објави дека нивниот нов играч, 34-годишниот Кевин Дурант, ќе дебитира за екипата на гостувањето кај Шарлот во ноќта меѓу среда кон четврток по средноевропско време.

Дурант неодамна беше ѕвезда на голема размена во НБА лигата и од редовите на Бруклин се пресели во Феникс, а досега неговата премиера ја спречуваше повредата на лигаментите на десното колено поради која беше надвор од теренот од 8 февруари.

Доаѓањето на Дурант ги подгреа надежите на навивачите на Шарлот за освојување на шампионската титула оваа сезона во која нивниот тим во моментов е четвртопласиран во Западната конференција со 33 победи и 29 порази.

Дурант сезонава како играч на Бруклин на 39 натпревари имаше просек од 29.7 поени, 6.7 скокови, 5.3 асистенции и 1.5 блокади.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2023 12:24