Шпанскиот тенисер Рафаел Надал со објава на социјалните мрежи потврди дека нема да настапи на Мастерс турнирите од серијата 1000 во Индијан Велс и Мајами.

„Мина подолго време откако не комуницирав со вас. Земав одмор, почнав рехабилитација, теретана и физиотерапија според советите на лекарите. Се подготвувам за враќање во најдобри услови“, објави Надал, изразувајќи жалење што ќе ги пропушти двата турнири на американска почва.

„Многу сум тажен бидејќи нема да бидам таму. Ќе ми недостасуваат моите навивачи од Америка. Се надевам дека ќе ги видам во текот на летната сезона“, порача шпанскиот тенисер преку својот Инстаграм профил.

Поради отсуството од двата турнири на Надал му се заканува испаѓање од Топ 10 на АТП листата, што би било прв пат во последните 18 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2023 12:29