Кошаркарот на Шарлот хорнетс, Ламело Бол, во текот на вчерашниот ден беше опериран на десниот скочен зглоб. Бол ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Дваесет и едногодишниот кошаркар се здоби со скршеница на коската на глуждот на средбата со Детроит (117:106) во понеделникот.

На почетокот на оваа сезона, Бол три пати доживеа истегнување на левиот зглоб, поради што настапи само на 36 натпревари, со просек од 23,4 поени, 8,5 асистенции, 6,4 скока и 1,3 украдени топки.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2023 15:06