Репрезентацијата на Норвешка го освои златниот медал во женската штафета 4x5 километри на Светското првенство во Планица, Словенија.
Норвежанките патеката ја минаа со време 50:33,3 минути.
Златната штафета на Норвешка ја сочинуваа: Венг, Слинд, Естберг и Калва.
Второто место и сребрениот медал е за репрезентацијата на Германија во состав: Гимлер, Хенинг, Финк и Карл. Тие имаа 20,5 секунди послабо време од победничките.
Со трето време доволно за бронзата завршија ШвеѓанкитеЏ во состав: Рибом, Андерсон, Карлсон , Далквист. Тие беа побавни од Норвежанките за 28,7 секунди.