Словенечкиот ски скокач Тими Зајц го освои златниот медал на големата скокалница на Светското првенство кое се одржува на Планица.

Зајц вчеравечер пред домашната публика ја освои титулата светски првак со скокови од 137.5 и 137 метри кои му донесоа вкупно 287.5 бодови.

Сребрениот медал го освои Јапонецот Рјоју Кобајаши (276.8 бодови), додека Полјакот Давид Кубацки се закити со бронзата (276.2).

Ова е втор златен медал за Зајц на светските првенства, а второ одличје за Словенија на Светското првенство на Планица.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2023 10:22