Пилотот на Ред Бул Макс Верстапен зборуваше за неговиот настап во квалификациите за Големата награда на Бахреин, на кои ја освои пол позицијата.
Според Макс, болидот „RB19“ сè уште не е целосно во согласност со неговите желби.
- Поминавме подобро од очекуваното по сите проблеми што ги имав викендов. Во квалификациите сè помина прилично добро, но има некои работи на кои треба да се работи пред следниот тркачки викенд. Има делови на двата автомобили кои не содејствуваат многу добро еден со друг, иако би требало. Не мислам дека одеднаш успеавме во квалификациите. Ги вложуваме сите наши напори да го развиеме болидот. Истата рамнотежа беше малку подобра од претходните сесии - но сепак не е она што го сакам. Во услови на трка, генерално изгледаме подобро отколку во квалификациите, истакна Верстапен.
Бранителот на шампионскиот трофеј, очекува голема конкуренција од страна на Астон Мартин.
- Тие ќе ни биде најблиску, но, за среќа, почнуваат од подолен стартен ред. Треба само да се фокусираме на себе и да дадеме сè од себе, додаде Верстапен.
Главната трка за Големата награда на Бахреин со која ќе биде отворена новата сезона во Формула 1 шампионатот ќе почне денес во 16 часот.
Верстапен ја има стартната позиција, додека Фернандо Алонсо од Астон Мартин ќе тргне од шестата позиција.