Пол Голберг од Норвешка го освои златниот медал на денешниот маратон во крос-кантри на Светското првенство но нордиски дисциплини што се одржува во Планица, Словенија.

Тој седумте круга или вкупно 50 километри класично ги помина со време 2 часа 1 минута 30 секунди и две десеттинки.

Доминацијата на Норвежаните на овој Мундијал беше потврдена со второто место и сребрениот медал на Јоханес Клебо кој на целта доцнеше само една секунда зад победникот.

Третото место и бронзениот медал му припадна на Вилијам Порома од Шведска со 1,2 секунди послабо време од победникот.

Светското првенство 2023 Норвежаните го завршуваат со шест златни, четири сребрени и два бронзени медали, оставајќи им на конкурентите само две сребрени и четири бронзени одличја



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2023 02:59