Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром, Мајк Кефи е прогласен за најкорисен играч на 20.коло во регионалната АБА-лига.
Американецот во петокот го предводеше македонскиот шампион МЗТ Скопје до победа над ФМП.
Кефи до признанието МВП на колот стигна со 26 поени, шест асистенции, три скока и три украдени топки, доволни за 34 индексни поени.
Членот на МЗТ Скопје имаше помалку индексни поени од Лука Божиќ од Задар (35), а ист број како и Доминик Мавра од Сплит, но екипите на овие играчи загубија па Кефи го доби признанието.