Лос Анџелес лејкерс го повлече бројот 16 со кој за тимот настапуваше познатиот шпански центар Пау Гасол.

Церемонијата се одржа за време на паузата на домашниот меч на Лејкерси против Мемфис (112:103). Дресот со број 16 со презиме Гасол беше обесен во арената на Лејкерс покрај дресовите со број 8 и 24 на Коби Брајант.

Пау Гасол играше за Лејкерс од 2008 до 2014 година. Заедно со тимот двапати стана шампион во НБА (2009, 2010).

Шпанецот стана 12. играч на клубот, чиј број е повлечен од оптек.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2023 09:10