Шпанскиот кошаркарски стратег Пабло Ласо од летово се враќа во Евролигата и ќе биде нов тренер на атински Панатинаикос, јавуваат грчките медиуми.
Раководството на грчкиот клуб настојуваше Ласо да седне на клупата веднаш по неодамнешната оставка што му беше врачена на црногорскиот тренер Дејан Радоњиќ, но Шпанецот изрази желба да го преземе Панатинаикос по завршување на сезоната.
Ласо, според грчките медиуми, ќе биде дел од долгорочен проект и ќе потпише договор на три години.
Мадридски Реал во јули лани го раскина договорот со Ласо од медицински причини, бидејќи искусниот тренер доживеа срцев удар и не ја предводеше екипата во завршницата од сезоната.