Кошаркарот на Партизан, Матијас Лесор е прогласен за најкорисен играч на 21. коло во регионалната АБА лига.
Французинот вчера го предводеше својот тим до победата со 92:81 над лутиот ривал Црвена ѕвезда.
Лесор за 31 минута поминати на теренот постигна 27 поени, осум скока, две асистенции, една украдена топка и постигна индекс на корисност 38.
По завршувањето на натпреварот Лесор физички го нападна со противничкиот кошаркар Филип Петрушев и се соочува со казна од АБА-лигата.