Српскиот кошаркарски репрезентативец Богдан Богдановиќ останува во редовите на Атланта, откако НБА лигашот објави синоќа дека двете страни се договориле за продолжување на соработката за уште четири години.

Според ЕСПН, Богдановиќ со новиот договор треба да заработи 68 милиони долари во тимот во кој дојде во 2020 година.

Од декември лани кога се врати на паркетот по повредата, српскиот бек во просек бележи по 14 поени, три скокови и исто толку асистенции по натпревар.

Атланта во моментов се наоѓа на осмото место во Источната конференција со 34 победи и еден пораз повеќе, и е на пет победи под плејоф зоната.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2023 10:24