Реал Мадрид стана вториот тим од Евролигата што обезбеди учество во плејофот оваа сезона.
Шпанскиот клуб кој има биланс 20 победи и девет порази, стана сигурен учесник во разигрувањето за титулата по поразот на Фенербахче од Милано вчеравечер во одложениот натпревар од 24. коло.
Претходно Олимпијакос (21-8) избори билет за плејофот во елитната кошаркарска лига.
Евролигата брои 18 учесници од кои по 34. коло осум ќе продолжат во плејофот. До крајот на основниот дел остануваат уште пет кола. Без шанси за пласман во разигрувањето се Лион-Вилербан, Алба Берлин и Панатинаикос.