Кошаркарот на Феникс, Кевин Дурант, постигна значителен напредок во неговото закрепнување и сака да се врати на терените на 29 март против Минесота, објави инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Чаранија.
Кошаркарот пропушти две недели откако го повреди левиот скочен зглоб на загревање пред натпревар.
На три средби за Феникс, големата НБА-ѕвезда постигна 26,7 поени по натпревар со 69% успешност на реализација.
Феникс ноќеска загуби од Сакраменто со 135:127 и со биланс 38 победи и 35 порази се наоѓа на 5. место во Западната конференција на НБА-лигата.