Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс потврди дека се здобил со скината тетива на стапалото, поради што пропуштил 13 натпревари од регуларниот дел од сезоната во НБА.

Џејмс се повреди на 26 февруари на натпреварот против Далас (111:108).

Триесет и осумгодишниот Американец изјави дека двајца лекари го советувале да се оперира и да ја заврши оваа сезона предвреме.

- Не знам што ќе правам. Во моментов тоа не е потребно, но подоцна ќе видиме. После сезоната ќе направам магнетна резонанца и тогаш ќе одлучиме. Но, ако имам операција во оф-сезона, нема да знаете за тоа. Не комуницирам со новинарите во оф-сезона, а до следниот шампионат веќе ќе бидам во ред, изјави Џејмс.

На враќањето по поголемата пауза, Џејмс синоќа во поразот (108:118) од Чикаго постигна 19 поени и осум скока.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2023 12:22