Кошаркарот на Филаделфија, Џејмс Харден го пропушти натпреварот со Денвер 111:116 во понеделникот поради проблеми со ахиловата тетива.

Според инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски, Харден се надева дека ќе се врати на теренот до крајот на оваа недела.

Харден сезонава има просек од 21,4 поени, 6,3 скока и 10,8 асистенции по натпревар.

Филаделфија е на третата позиција во Источната конференција на НБА-лигата со биланс 49 победи и 26 порази.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2023 09:24