Екипата на Милвоки бакс го обезбеди првото место во Централната дивизија на НБА-лигата.

Тимот предводен од Јанис Адетокунбо петти пат во низа ја освојуваат дивизијата.

Милвоки го има најдобриот биланс во НБА-лигата со 54 победи и 21 пораз и е лидер во Источната конференција.

Од Истокот учество во плејофот досега обезбедија и екипите на Бостон селтикс, Филаделфија 76 и Кливленд кавалирс.

На Западот досега место во разигрувањето за шампионскиот трофеј си обезбедија Денвер нагетс и Мемфис гризлис.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2023 10:33