Седница на највисокото тело на Кошаркарската федерација на Македонија ќе се одржи денес (12 часот), во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Освен стандардните процедури кои ги предвидува дневниот ред кои се поврзани со избор на работно претседателство, верификациска и кандидациска комисија, како и оверувачи на записникот, во првиот дел од собирот ќе следува и извештајот за работата на федерација за 2022 година, вклучително и извештајот за финансиското работење на федерацијата за изминатата календарска година, информираат од КФМ.

Седницата ќе има и изборен карактер, односно, делегатите на Собранието ќе треба да констатираат и престанокот на функцијата претседател, по што ќе се пристапи кон процедурата која предвидува избор на претседател на КФМ, избор на членови на Управен одбор на федерацијата, како и Надзорен одбор.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2023 10:42