Прославениот португалски фудбалски репрезентативец Луис Фиго изјави денеска дека Манчестер сити и Баерн Минхен се главни фаворити за освојување на Лигата на шампиони (ЛШ) оваа сезона.

„Ќе мораат да се борат со Реал Мадрид, но, моите фаворити се Манчестер сити и Баерн. Интер можеби има премногу комплицирана ситуација“, оцени Фиго во изјава за шпанскиот весник „Марка“.

Фиго, кој во 2000 година ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер во светот, настапуваше во кариерата за Спортинг, Барселона, Реал и Интер.

Првите натпревари од четвртфиналето во ЛШ се на програмата на 11 и 12 април, а двојките се Манчестер сити – Баерн. Реал – Челзи, Интер – Бенфика и Милан – Наполи.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2023 19:46