Тренерот на Анадолу Ефес Ергин Атаман објасни зошто до крајот не го гледаше синоќешниот натпревар од Евролигата со Фенербахче (86:103).

Атаман предвреме отиде во соблекувалните.

- Навивачите на Фенербахче почнаа да скандираат навредливи работи. За да го избегнам сето ова, се ракував со Димитрис Итудис, му честитав, а потоа отидов во соблекувалната, изјави Атаман.

Гледачите во арената Фенербахче во тој момент скандираа вулгарни слогани упатени кон Атаман.

Анадолу Ефес по поразот од Фенербахче ги загуби шансите за пласман во плејофот од Евролигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2023 11:44