Новата театарска премера на НУ Народен театар-Битола, „Ако останеш дома“, драма во еден чин, работена според оригиналот на Карој Сакони, ќе биде изведена утревечер на матичната сцена.

Станува збор за трагикомедија, психолошка драма во која настапуваат актерката Јулијана Мирчевска и Васко Мавровски.

-Во претставата ќе се препознаат младите и тоа е првиот квалитет за оваа продукција, а вториот момент е инспириран од секојдневите, од тоа што му се случува на народот кој повеќе од 30 години незадоволен и несреќен. Народот е сиромашен, а сиромаштијата предизивикува лоши состојби кај човекот. Духот кај народот е опаднат скоро 30 години и затоа ние со претставата сакаме да го срушиме тој т.н. „четврт ѕид“, рече меѓудругото режисерот Јован Ристовски, во пресрет на премиерната изведба на претставата „Ако останеш дома“.

Сценограф за претставата е Валентин Светозарев, а костимите ги подготви Благој Мицевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2023 04:36