Плејмејкерот на Клиперс, Расел Вестбрук, изјави дека го оставил своето време со Лејкерси зад себе.
- Добив искуство. Но сега за мене тоа е веќе минато. Јас сум на ново место и размислувам за тоа, изјави Вестбрук.
Вестбрук им се приклучи на Лејкерс во 2021 година. Во првата сезона со Расел, тимот не се пласираше во плеј-офот, а во текот на тековната сезона Калифорнијците го испратија во Јута, од каде се врати во Лос Анџелес, но како играч на Клиперс