Раководството на НБА лигата во иднина веќе нема да ги тестира играчите на марихуана, јавија американските медиуми, пренесувајќи детали од новиот колективен договор меѓу лигата и Здружението на професионални кошаркари.

Двете страни наскоро треба да го потпишат новиот повеќегодишен договор, кој ќе вклучува клаузула со која марихуаната ќе биде симната од лигашката програма за тестирање наркотици, а играчите веќе нема да бидат казнувани за пушење марихуана.

Здружението на играчи, од своја страна, не откри детали од договорот, објавувајќи само кратка изјава на Твитер: „Одредени детали ќе бидат достапни откако ќе се финализира листата на услови“.

Претходната политика на НБА лигата за користење марихуана беше построга и вклучуваше советодавна и програма за лекување од зависност, парична казна до 25.000 долари и суспензија од пет натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2023 03:44