Во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп концерт на флејта ќе одржи Страшо Темков. Пијано придружба ќе биде Сара Пројковска.

Страшо Темков е прв флејтист солист на Македонската филхармонија, член е на „Македонскиот дувачки-квинтет“ и на ансамблот за современа музика „Св.Софија“. Како солист има реализирано повеќе рецитални програми и солистички настапи, манифестации и фестивали во земјава и во странство. Членувал во жири комисии на меѓународни натпревари. Темков е вонреден професор по флејта на ФМУ.

Пијанистката Сара Пројковска исто така има настапувано во земјава и во странство на бројни манифестации и фестивали.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2023 09:49