Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Каваи Ленард и членот на Милвоки бакс, Боби Портис се прогласени за најдобри играчи во последната натпреварувачка недела од регуларниот дел од сезоната на НБА во Западната и Источната конференција.

Клиперс на Ленард ја заврши неделата со три победи од три средби, а лидерот во тимот од Калифорнија имаше просек од 25,7 поени, 10,0 скока и 4,7 асистенции по натпревар.

Портис за прв пат во кариерата доби ваква награда. Тој имаше просек од 20,7 поени и 12,3 скока по натпревар со 59,1 отсто од 3 поени, додека Бакс имаше биланс две победи и два пораза.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2023 10:15